Салата од суви пиперки
2014-01-07 20:28:22
Ingredients
- 20 парчиња суви пиперки
- 250 гр. доматен сос
- 3-4 чешниња лук
- 250 гр. масло
- сол
Instructions
- Измијте ги добро пиперките и ставете ги во сад со вода да се варат. Од како ќе омекнат пиперките извадете ги од водата и ставете ги на даска за сечкање и со нож вадете ги лушпите, а средината ставете ја во дрвено ваганче каде претходно сте го истолчиле лукот. Истолчете ги и пиперките, потоа додајте ја доматниот сос, измешајте добро и на крај додајте го постепено маслото. Посолете по вкус.
bilboard.mk https://bilboard.mk/