
Салата од цвекло
2014-10-12 15:31:21

Ingredients
- 1 кг. цвекло
- 2 главици црвен кромид
- маслиново масло
- сол и бибер
- 2-3 лажици оцет балсамико
- 1 лажичка сенф
- свеж магдонос и босилек
Instructions
- Загрејте ја рерната на 220 степени. Излупете го цвеклото, исечете го на коцки, зачинете го со маслиново масло, сол и бибер и замотајте го во алуминиумска фолија. Печете го цвеклото во плех во загреаната рерна 1 час. По еден час отворете ја фолијата и со вилушка проверете дали е меко. По потреба продолжете со печење уште 10-15 минути.
- Во длабок сад измашајте го цвеклото со ситно сецкан кромид. Зачинете ја салатата со оцет балсамико, сенф и свеж магдонос. Додадете сол и бибер по вкус и декорирајте со ливчиња босилек.
bilboard.mk https://bilboard.mk/