
Сарма од Кисела Зелка со Ореви
2014-01-07 22:05:38

Ingredients
- 1 главица кисела зелка
- 4-5 главици кромид
- 1 чаша ориз
- 100 гр. ореви
- масло
- брашно
- црвен пипер
- сол
Instructions
- 3елката разделете ја на листови. Во тава ставете го кромидот да се пржи. Кога ќе биде скоро испржен додајте го оризот и пржете го заедно со кромидот со постојано налевање вода за да не загори оризот. Кога оризот ќе омекне, пропржете го уште малку, потоа тргнете го од оган и додајте ги оревите претходно истолчени. Со оваа смеса виткајте ја сармата. Наредете ја во тенџере и облијте ја со вода.
Припремете запршка на следниот начин
- Во тава ставете 2 лажици масло, загрејте го добро, додајте 2 лажичиња брашно и малку црвен пипер, па со запршката прелијте ја сармата. Ставете ја на слаб оган да крчка се додека не омекне зелката.
bilboard.mk https://bilboard.mk/