
Сарми од блитва
2015-02-12 15:07:01

Serves 4
Prep Time
30 min
Ingredients
- 2 снопчиња блитва
- 300 г мелено месо
- 120 г маринирани печурки
- 1 морков
- 1 главица кромид
- 150 г ориз
- 100 мл Доматно пире
- малку сол, бибер.
Instructions
- Пропржете го кромидот заедно печурките,па додадете го ренданиот морков. Кога малку ќе се пропржи, додадете месото и допржете до крај. Ставете доматно пире,ориз , зачини и оставете го на оган уште 5 минути.
- Се става 1 литар вода да зоврие. Блитвата се мие, се цеди и се реди во подлабока здела. Со зовриената вода попарете ги листовите и оставете да постојат 10 до 15 минути. Потоа процедете ги и може да виткате сармички. Не мора да се стискаат бидејќи листовите се доста кревки.
- Наредете ги во плехче каде претходно се ставиле од доматното пире. Полијте ги со вода да ги покрие и ставете да се печат на 200 Ц .Одозгора прво покријте ги со хартија за печење за да не ви изгорат, а после 30 минути печење тргнете ја хартијата.
bilboard.mk https://bilboard.mk/