Солен ролар со паштета
2014-10-10 16:28:02
Ingredients
- 1 долг француски леб
- 2 jajцa
- 1 поголема паштета (100 г.)
- 2-3 кисели краставички
- 2-3 мали моркови
Instructions
- Најпрво се сечат краивчињата на лебот. Краивчињата се оставаат на страна затоа што не се употребуваат. Потоа лебот се сече на 3 еднакви дела и со нож се вдлабува за да се извади средата и 3-те дела да останат скоро на корка.
- Се варат јајцата тврдо. Морковите се обаруваат колку да омекнат. Кога се сварени се сечат на ситно јајцата, морковите и краставичките.
- Во вангла се дроби средата од лебот, и се додаваат паштетата, морковите, jajцaта и краставичките. Се’ се меша убаво. Потоа со лажица се пополнува корката од лебот со направената смеса.
- Се завиткува во целофан и се става во фридижер.
- Пред да се сервира, се сече на парчиња кои изгледаат како кругови.
- Пријатен апетит.
bilboard.mk https://bilboard.mk/