
Телешка чорба
2013-12-12 10:21:11

Ingredients
- 600 гр телешко месо
- 5 големи компири
- 2 главици кромид
- 2 големи рендани моркови
- 2 патлиџана (домати)
- 1 пиперка ситно сецкана
- 100-150 гр масло
- 1лажица црвен пипер
- 1 лажица мешан зачин
- 1 лажица пченкарно брашно и 100 гр вода да го разматиме брашното.
- 1/2 лажиче сол
Instructions
- Во загреано масло го пропржуваме ситно сецканото кромидче.
- Додаваме сол и пржиме уште малку. Солта го прави кромидчето како кристално и нему дава да прегори.
- Потоа го додаваме ренданиот морков, пиперката и ренданите патлиџани.
- Откако е убаво испржено и смесата изедначена, ги додаваме парченцата на коцки телешко месо.
- Тие ќе ја сменат бојата, ќе поруменат и кога се такви, ги додаваме и компирите.
- Пржиме се заедно.
- Додаваме зачини и на крајот црвениот пипер.
- Додаваме вода, колку да ги покрие компирите и месото.
- Оставаме да се вари на тивок оган.
- Јас ги варев малку подолго заради телешкото месо.
- ( Знам дека тоа потешко се вари )
- Го пробуваме при варењето и кога е веќе варено месото му додаваме разматено пченкарно брашно.
- ( 1 лажица пченкарно брашно ја матам со 100 гр вода)
- Полека истурам во чорбата и мешам со лажицата да не се згрутчува.
- Нека поврие уште 5-6 минути и готово е.
- ( Пченкарното брашно е убаво да се додава во чорбичките. Здраво е и оние кои имаат киселина после ручекот најдобро е да го конзумираат вака подготвено.
bilboard.mk https://bilboard.mk/