
Телешко на лазарополски начин
2013-12-16 13:03:10

Ingredients
- 800 гр. телешко месо
- 80 гр. маст
- 2 лажици брашно
- 200 гр. компири
- 1 главица кромид
- 100 гр. овчо кисело млеко
- 3 жолчки
- 1 китка магданос
- црн пипер
Instructions
- Измијте го месото, исечете го на ситни парчиња и ставете го во сад заеднo сo кромидот да се запржи, а пoтоа додајте малку вода. Од кога ќе почне да врие ставете ги ситно сечкани компирите, црвениот пипер и варете гo јадењетo се додека месото и компирите бидат сварени. Потоа тргнете го садот од оган. Брашното, жолчките и киселото млеко измешајте ги добрo, дoдајте една чаша супа или вода, насечкајте вo таа смеса магданос и прелејте го месoто. Ставете го во рерна да се запече. При сервирањето служете го со рендан кашавал.
bilboard.mk https://bilboard.mk/