СОСТОЈКИ :
Цвекло(3 )
Кромид(1 Главица)
Лук(2 Чешниња)
Бистра зеленчукова супа(500 Милилитри)
Маслиново масло(4 Супени лажици)
Вода(500 Милилитар)
Сол(1 Прстофат)
Бибер(1 Прстофат)
Ѓумбир во прав(1 Кафена лажица)
Нискомаслена павлака(4 Супени лажици)

ПОДГОТОВКА:
Овој рецепт се подготвува за помалку од 35 минути
- Излупете го цвеклото и исечкајте го на коцкички.
- На загреано маслиново масло во тенџере пропржете го неколку минути, па додајте го кромидот, лукот и ѓумбирот.
- Промешајте и пржете неколку минути и зачинете со сол и бибер.
- Налејте му половина литар вода и половина литар супа од зеленчук, покријте го тенџерето и варете 20 минути додека цвеклото не е готово.
- Кога ќе биде сварено цвеклото, тргнете го од шпорет, изблендирајте го и вратете го да проврие уште неколку минути.
- Послужете го топло со една лажица павлака.
Пријатен апетит!