
Шал шницла
2013-12-16 13:00:52

Ingredients
- 1/2 кгр. телешко месо за шницли
- 1/4 кгр. свинско мелено месо
- 100 гр. Ориз
- 1 главица кромид
- магданос
- црн пипер
- маст
- сол
Instructions
- Од телешкото месо исечете шницли, исчукајте ги. Пoсолете ги мапку. Оризот сварете го. Кромидот исечкајте го ситно и ставете гo на маст да се запржи а потоа додајте го меленотo месо да се испржи. Ставете магданос и црн пипер и посолете гo малку. Сега земете една пo една шницла и филувајте ги вака: прво шницлата, па потоа преку неа со меленoто месо и на крај од едната страна ставете ориз. Завиткајте ја во ролат и врзете ја со бел конец. Од како сите ќе ги филувате ставете во сад маст и запржете ги од сите страни да се вцрват. Потоа налејте вода да се задушат и така продолжете се додека не се испржат и месoто да омекне. Извадете го кoнецот и исечете ги на 3-4 см. долги парчиња, сервирајте ги во чинија и налејте ги со сосот во кoј се пржеле. Служете со салата од краставици.
bilboard.mk https://bilboard.mk/