
Телешки Шницли (Шарпланински Начин)
2013-12-16 13:14:51

Ingredients
- 6 телешки шницли
- 150 гр. овчо сирење
- 100 гр. кашкавал
- 150 гр. кајмак
- 3 – 4 страка магданос
- 1 главица кромид
- 3 јајца
- 1 лажица црвен пипер
- црн липер
- сол
Instructions
- Ситно сечканиот кромид помешајте го со кашкавалот кој предходно сте го исечкале на ситни коцки, кајмакот и иситнетoто сирење. На оваа смеса дoдајте црн пипер, магданос, црвен пипер и јајцата и измешајте се убаво за да се изедначи смесата. Шницлите исчукајте ги и на среде на секоја шницла ставајте соодветна количина од смесата. Преклопете ја секоја шницла на пола и причврстете ја со чепкалка да не испадне филот и печете ги на скара од двете страни.
bilboard.mk https://bilboard.mk/