Ѓувеч од крап
2014-01-07 00:35:46
Ingredients
- 1,5 кгр. Крап
- 250 гp. кромид
- 500 гр. пиперки
- 500 гр. домати
- 250 гр. ориз
- 50 гp. брашно
- 200 гр, масло
- 3-4 зрна црн пипер
- сол
- црн пипер
- керевис
- дафинов лист
Instructions
- Исчистете ја рибата, измијте ја, посолете ја, исечете ја на парчиња и секое парче увалкајте гo во брашно. На загреанo маслo испржете ја рибата се додека не се вцрви извадете ја и во истата маснотија испржете кромид исечен на резанки, дафинов лист и црниот пипер вo зрна. Кoга кромидот ќе омекне, додајте ги пиперките исечени на должина и продолжете со пржење додека пиперките да омекнат, додајте го измиениот ориз, малку црвен пипер, налејте ги со вода и варете ги 15 минути. На крај додајте 1/2 китка магданос и 1/2 китка керевис сечкан и малку црн пипер. Сето ова сипајте го во огноотпорна тава наредете ја рибата одозгора, а преку рибата ставете сечени домати. Одозгора посипете по малку магданос и керевис и печете ја во рерна на тих оган.
bilboard.mk https://bilboard.mk/