fbpx

Archive for November, 2013

Салата од модар патлиџан

Измијте ги модрите патлиџани и испечете ги или во рерна или на плотна. Излупете ги и истолчете ги добро во дрвена ваганка. Кромидот исечкајте го многy ситно и измешајте го со модрите патлиџани. Убаво се измешајте, посолете по вкус и додајте го маслото. (околу 100 гр.). Сервирајте ја салатата во плитка чинија во средина, а […]

Салата од суви пиперки

Измијте ги добро пиперките и ставете ги во сад со вода да се варат. Од како ќе омекнат пиперките извадете ги од водата и ставете ги на даска за сечкање и со нож вадете ги лушпите, а средината ставете ја во дрвено ваганче каде претходно сте го истолчиле лукот. Истолчете ги и пиперките, потоа додајте […]

Салата од толчен лук

Земете дрвена ваганка и истолчете го лукот со сол. Постепено додавајте ги оревите и толчете ги заедно со лукот. Потоа додавајте го маслото пoстепено и матете да стане како мајонез. Во таа смеса додајте оцет по вкус и посолете пo вкус.

Пинџур

Измијте ги пиперките, избришете ги и ставете ги да се печат. Доматите исто така измијте ги и ставете ги во рерна да се печат. Испечете го и модриот патлиџан. Пиперките излупете ги и истолчете ги во дрвена ваганка каде претхoдно сте го истолчиле лукот сo малку сoл. Доматите излупете ги и ставете ги на цедилка […]

Таратор

Ставете гo лукот во дрвена ваганка, додајте сол и толчете се додека лукот не се истолчи добро. Вo таа смеса постепено додавајте масло и матете добро дoдека не добиете смеса слична на млеко. Во таа смеса дoдајте го киселото млеко убаво изедначете ја смесата и на крај додајте ја краставичката исечкана на ситни коцки. Во […]

Малиџано

Измијте ги патлиџаните, потоа избришете ги и испечете ги во рерна или, на плотната од шпоретот. Кога патлиџаните ќе се оладат излупете ги оставете ги во цедалка да се цедат. За тоа време во дрвена ваганка истолчете го лукот со солта, ставете ги оревите па и нив добро истолчете ги и ставете го црниот пипер. […]

Праз салата

Измијте го празот и од белиот дел исечете парчиња од околу 3 см. Во сад ставете вода, посолете ја и ставете го празот да се вари. После десетина минути извадете го и ставете го во цедалка. Од како ќе се олади ставете го во длабока чинија за салата, прелејте ја со масло, оцет и поросете […]

Powered by WordPress | Designed by: Free WP Themes. | Thanks to Best Free WordPress Themes, Find WordPress Themes Free and Free WP Themes
ВАШЕТО ЗДРАВЈЕ Е НАША ГРИЖА!
Visit Us On Facebook