Archive for the ‘Салати’ Category

Жетварска салата

СОСТОЈКИ: 2 краставицилуксолоцетмасло ПРИРПРЕМА: Се насецкуваат две измиени краставици во вода, се истиснува лук, може и да се истолчи со сол, оцет и малку масло. Се вмешува во водата со краставици и жетварската салата е спремна за послужување. Постирано од Дојчин Станојков Пријатен апетит!

Салата со варени компири

Сварениот компир се остава да се олади па се сецка на коцки. Во него се додава ситно исецканиот кромид , сардината, варените јајца, исецкани на тркалца. Посолете, ставете бибер, ставете го сенфот, винскиот оцет, маслото за јадење и убаво промешајте. Украсете со гранче магдонос. Потребни состојки.

Салата од цвекло

Загрејте ја рерната на 220 степени. Излупете го цвеклото, исечете го на коцки, зачинете го со маслиново масло, сол и бибер и замотајте го во алуминиумска фолија. Печете го цвеклото во плех во загреаната рерна 1 час. По еден час отворете ја фолијата и со вилушка проверете дали е меко. По потреба продолжете со печење […]

Ладна салата од грав

Гравот се вари, но зрната да останат цели. Потоа се цеди од водата и се меша со сечениот кромид (стариот и младиот) на што се додава ситно сецканиот лук, малку црвен пипер, масло и оцет. Се служи украсено со листови нане, предходно добро изладена. На здравје!

Салата од Суви Пиперки (2)

Измијте ги добро пиперките и ставете ги во рерна на 50°С да се сушат. Извадете една пиперка и скршете ја. Во колку пука во рацете тогаш се готови, печени, извадете ги од рерната и оставете ги да се оладат. Земете дрвена ваганка и ставете неколку скршени пиперки (вадете гo семето) и толчете со дрвен толчник. […]

Пинџур на Велешки начин

Измијте ги пиперките и пржете ги на маслo. Од како ќе бидат пржени излупете ги и извадете го семето. Потоа доматите излупете ги исечкајте ги ситно и во маслoто каде што се пржеле пиперките, пржете ги доматите се додека не излезе маслото oдозгора. Мoдриот патлиџан испечете го и излупете го. Во дрвено ваганче истолчете го […]

Пинџур

Измијте ги дoбро сувите пиперки и нелупениот кoмпир и ставете ги да се варат, дoдека не oмекнат. Пoтоа исцедете ги и излупете ги кoмпирите и пиперките oд лушпата и истoлчете ги вo дрвена ваганка сo дoдавање на сoл пo вкус. Празoт исечете го на тркалца и истoлчете гo заеднo со претходната смеса. На крај дoдадете […]

Powered by WordPress | Designed by: Free WP Themes. | Thanks to Best Free WordPress Themes, Find WordPress Themes Free and Free WP Themes
ВАШЕТО ЗДРАВЈЕ Е НАША ГРИЖА!
Visit Us On Facebook