Archive for the ‘Апетајзери’ Category

Жетварска салата

СОСТОЈКИ: 2 краставицилуксолоцетмасло ПРИРПРЕМА: Се насецкуваат две измиени краставици во вода, се истиснува лук, може и да се истолчи со сол, оцет и малку масло. Се вмешува во водата со краставици и жетварската салата е спремна за послужување. Постирано од Дојчин Станојков Пријатен апетит!

Пржен џигер со вкусен прелив од лук и магданос

Состојки : Телешки џигер(1 Килограм) Црвен вински оцет(200 Милилитри) Масло(200 Милилитри) Лук(10-15 Чешниња) Магдонос(1 Китка) Сол ПОДГОТОВКА: За овој рецепт се потребни помалку од 40 минути Телешкиот или јунешки џигер се сечка на тенки парчиња и се остава во сад да отстоо неколку часа. Во садот се става масло за готвење и вегета. Потоа џигерот […]

Ѓозлеме

Од состојките за тесто замесете средно меко тесто. Поделете го на 4 топчиња и оставете ги да постојат, 20-30 минути.Празот ситно исецкајте го и кратко пропржете го, а потоа измешајте го со испасираното сирење и копарот.Од секое топче расукајте тенка кора. Нанесете од филот и завиткајте во ролат. Ролатот повторно расукајте го во кора. Повторете […]

Похован кромид

Ги исипуваме брашното и солта во сад. Правиме дупка во средината каде го исипуваме пивото. Ги додаваме јајцата едно по едно. Мешаме бавно додека не се добие густа изедначена каша. Оставаме смесата да одстои најмалку 30 минути. Го лупиме кромидот и го сечеме на цели кругови со дебелина 1 см. Кромидот го посипуваме со млеко […]

Селски компир во рерна

Загрејте ја рерната на 180 степени. Обложете ја тепсијата со хартија. Компирот измијте го и исушете. Ставете го во рерна и печете го околу 50 минути. За шмек исцедете го прво лимонот и измешајте го со кисела павлака, мед, сол и бибер по вкус. Кога ќе се олади, излупете ја кората само на врвот и […]

Полнет модар патлиџан

Ги сечеме модрите патлиџани на половина по должина. Во поголема тава, попрскуваме со масло за јадење и ги ставаме сите модри патлиџани да се пржат. Повреме ги вртиме и откако ќе омекнат ги вадиме на чинија. Во друга загреана тава ставаме маслиново масло, потоа го додаваме ситно исечканиот кромид и лук, пиперките и меленото месо. […]

Салата со варени компири

Сварениот компир се остава да се олади па се сецка на коцки. Во него се додава ситно исецканиот кромид , сардината, варените јајца, исецкани на тркалца. Посолете, ставете бибер, ставете го сенфот, винскиот оцет, маслото за јадење и убаво промешајте. Украсете со гранче магдонос. Потребни состојки.

Powered by WordPress | Designed by: Free WP Themes. | Thanks to Best Free WordPress Themes, Find WordPress Themes Free and Free WP Themes
ВАШЕТО ЗДРАВЈЕ Е НАША ГРИЖА!
Visit Us On Facebook