
Полнети пиперки со грав
2014-01-18 18:14:24

Ingredients
- 1/2 кгр. грав
- 1/2 кгр. кромид
- 100 гр. масло
- 1 лажица црвен пипер
- црн пипер
- магданос
- керевис
- 8 бабури
Instructions
- Сварете го гравот со една главица ситно сечкан кромид. Останатиот дел од кромидот исечкајте го и испржете го со маслото додека да пожолти. Тргнете го од оган и додајте му црвен пипер, црн пипер, сол, магданос, малку керевис и на крај ставете го сварениот грав претходно исцеден од водата. Измешајте добро и со таа смеса полнете ги бабурите. Пиперките редете ги во земјена тава намачкана со масло. Во остатокот од смесата со која ги полните пиперките додајте од водата во која се варел гравот, промешајте и сипете го тоа преку пиперките во тавата. Ставете ја тавата во рерна да се пече околу половина час.
bilboard.mk https://bilboard.mk/