
Бифтек со сланина
2013-12-16 13:46:18

Ingredients
- 1/2 кгр. месо од бифтек
- 150 гр. сланина
- 2 главици кромид
- 1 чаша бело вино
- црн пипер
- сол
- масло
- брашно
Instructions
- Бифтекот сечете го на парчиња дебелина 1 см. На секое парче бифтек сложете сланина во гoлемина на парчето и со чепкалка закачете ја сланината за месото. Така спремениот бифтек ставете го на врело масло и пржете го малку, а веднаш потоа ставете многу ситно сечкан кромид, сол, црн пипер, виното и продолжете да го дејствувате. До колку испари течноста дoлевајте по малку вода се додека да oмекне бифтекот. Земете 2 мали лажици брашно, растворете го со вода и ставете го во тенџерето, протресите го од кај дршките и тргнете го од оган. Служете со пилав или пире од компири.
bilboard.mk https://bilboard.mk/