
Морковот и компирот ги вариме. Откако ќе се сварат ги рендаме и ги додаваме во месото. Кришките леб ги потопуваме во вода и ги истискуваме од водата и нив ги додаваме во месото.Кромидот и лукот ги сецкаме многу ситно.И нив и останатите состојки сите ги додаваме во месото. Замесуваме со рака. Пржиме во загреано масло.